Изложбата „Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан“ гостува во Валандово

НУ Музејот на македонската борба за самостојност ќе гостува со изложбата „Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан“ во ЈОУ Дом на Култура „25 Maj” Валандово. Оваа изложба е резултат на плодната соработка помеѓу Музејот на македонската борба за самостојност и Општина Валандово.

Експозицијата се состои од 15 изложбени паноа, кои прикажуваат фотографии и текстови од донирани предмети на семејството Шабан. Овие предмети, кои опфаќаат временски период од 200 години, со својата уникатност доловуваат моменти и пренесуваат емоции, презентирајќи ја традицијата и културата на македонскиот народ. Тие овозможуваат подлабоко разбирање на ритуалите, обичаите и уметничките изрази кои ги дефинираат нашите културни идентитети.

Автор на изложбата е Елизабета Марковска, кустос етнолог.

Отвoрањето на изложбата е на 21 мај 2025 год. (среда) во 13 часот, во просториите на ЈОУ Дом на Култура „25 Maj” Валандово, а ќе биде изложена до 31 мај.

Scroll to Top