Минатата недела учесници во работилницата „Замисли го животот во минатото“ беа учениците од ОУ Наум Наумовски – Борче од Скопје.
Водени од нашиот едукатор, учениците се запознаа со предметите и начинот на живеење на нашите предци во минатото презентирани во традиционалната куќичка. Импресиите и знаењата беа применети во креативниот дел од работилницата.




