Летна едукативна работилница со Еурокидс

Музејот на македонската борба ги продолжува едукативни активности за ученици од секоја возраст и ова лето.

На 3 јули бевме домаќини на децата од летното училиште #EUROKIDS – LANGUAGE FACTORY кои откако ја посетија музејската поставка, учествуваа во работилницата  „Запознај го животот во минатото“. Низ интерпретацијата на музејските едукатори во традиционалната куќичка во музејската поставка, тие се запознаа со предметите од минатото  и начинот на живеење на нашите предци. Работилницата продолжи со дружба и забава каде децата имаа можност да ја покажат својата креативност.

Запознај го животот во минатото е едукативна работилница во етно куќичката во музејската поставка, каде учениците се запознаваат со предметите и начинот на живеење на нашите предци во минатото.

Scroll to Top
Skip to content