Учество на советувањето на МНК ИКОМ по повод Меѓународниот ден на музеите

Музејот на македонската борба беше дел од советувањето на МНК ИКОМ по повод Меѓународниот ден на музеите, 18 мај.  На советувањето учествуваше нашиот водич м-р Илија Василески со излагање на тема „Музеите како центри за дијалог”.

Оваа година, одбележувањето на 18 мај се одржа на 22 мај во Чифте Амам, со советување на тема „Иднината на музеите во заедниците кои брзо се менуваат“. Темата е одбрана од Меѓународниот совет на музеите ИКОМ, со која се нагласува клучната улога на културните институции во обезбедувањето на сеопфатно образовно искуство, што придунесува кон посвесен, одржлив и инклузивен свет.

 

Scroll to Top