Семинар за едукација и инклузија на МНК ИКОМ

Семинарот „Едукација и инклузија – клучна карика во музејското работење“ во организација на МНК ИКОМ, со поддршка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност, се одржа на 21 февруари 2025 година.

На отворањето на семинарот се обратија  в.д. директорката на музејот Анче Илиевска и претседателот на здружението МНК ИКОМ, Благоја Варошанец.

Проектите и музејските практики од областа едукацијата и инклузијата беа претставени од: м-р Марија Димишкова, водич едукатор од НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија, м-р Маја Димитрова, едукатор од НУ Национална галерија на Република Северна Македонија, Ана Вишинова, едукатор, НУ Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје, а д-р Перо Арџанлиев, кустос советник од НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија се осврна на најважните апсекти за ракување и презентација на археолошки артефакти.

Настанот беше збогатен со музичка точка на ученикот од училиштето Димитар Влахов, Максим Стојановски, и настап на Ансамблот „Македонија“ од Универзитет Гоце Делчев – Штип.

Модератор на семинарот беше м-р Илија Василески, водич во Музејот на македонската борба за самостојност.

Scroll to Top