Одбележување на Меѓународниот ден на музеите -18 мај

На 18 мај, се одбележува Меѓународниот ден на музеите. Оваа година темата е „Музеите го обединуваат поделениот свет“, со фокус на тоа како музеите можат да бидат мостови меѓу културните, социјалните и геополитичките разлики, поттикнувајќи дијалог, разбирање, инклузија и мир во заедниците ширум светот.

 

Музејот на македонската борба за самостојност се придружува на глобалното одбележување на Меѓународниот ден на музеите со активности кои континуирано ја унапредуваат инклузивноста и го олеснуваат пристапот до музејот за сите. Ја покануваме публиката да ја посети инклузивната изложба ФОКУС, која претставува десетина музејски предмети наменети за слепи и слабовидни лица, лица со оштетен слух, како и за посетители кои имаат потреба од мултисензорно доживување на изложби.

Дополнително, ќе бидат изложени и тактилни предмети од проектот „Куфер на минатото“, поддржан од Министерството за култура и туризам во 2024 и 2025 година. За овие предмети е подготвен аудио и видео материјали на знаковен јазик, и други интерактивни содржини, кои се користат во едукативните работилници во музејот и во гостувачките работилници. Патувачкиот „Куфер на минатото“ содржи тактилни реплики со аудио содржини, во корелација со содржините од музејската поставка на музејот. Освен за лица со попречености се користи во училишта при посета на музејот во текот на наставата по историја.

Scroll to Top