Изложба за животот и делото на Владимир Полежина

Eксклузивната изложба Владимир Полежина 1912-1980, од авторот м-р Илија Василески, водич историчар, ќе биде поставена во понеделник, 16 јуни 2025, во 19.30 часот.

Низ оригинални фотографии, документи и лични предмети, како и неговото лично досие од Управата за државна безбедност на Југославија и досега необјавувани материјали, изложбата го протретира ликот и делото  на Владимир Полежина, како и неговата улога и неговите заслуги во втемелувањето на македонската држава. Исклучителен интелектуалец, доктор на правни науки од Сорбона, Франција,  учесник во Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија и на Комунистичката партија на Македонија до 1951 година, делегат на Второто заседание на Антифашистичко­то собрание на народното ослободување на Југославија, делегат на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, но и лице кое е ре­пресирано на линија на Информбирото.

Изложбата се организира по повод 45 години години од смртта на Владимир Полежина и ќе биде отворена за публиката до средината на август.

Музејот на македонската борба изразува голема благодарност до семејството Полежина за соработката  во реализацијата на изложбата.

Scroll to Top