Делегација од министерството за надворешни работи и трговија во посета на музејот

Денес во посета на Музејот на македонската борба за самостојност беа министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и вицепремиерот за меѓународни односи и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ. Високите гости беа пречекани од в.д. директорката на музејот, Анче Илиевска, која на делегацијата ѝ ја претстави постојаната музејска поставка.

Scroll to Top