Во организација на Министерството за култура и туризам, на 11 мај во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа за Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата 2026–2030.
Министерот Зоран Љутков ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој.
Документот предвидува пет приоритети: поттикнување на креативните изрази, заштита и одржливо користење на културното наследство, нови модели на управување, дигитализација и развој на културата како ресурс за економски и социјален напредок.
Посебен фокус е ставен на младите преку образовни програми, поддршка на талентирани деца, културни ваучери и домашна продукција на содржини за деца и млади.
Сите забелешки и предлози од расправата ќе бидат разгледани и вградени во финалниот текст, кој потоа ќе биде доставен до Владата и Собранието.
Фотографија: Министерство за култура и туризам




