Учество на Меѓународната конференција „Запознај, види, направи“ 2024

Меѓународната конференција за музеи „Запознај, види, направи 2024 година“ (Meet, See, Do 2024) во организација на Балканската музејска мрежа се одржа на 18 и 19 април во Тиват, Црна Гора.

Повеќе од петнаесет сесии, предавања, паралелни работилници и презентации беа со фокус на главната тема – Заштита на културното наследство во време на криза. Седумдесетина претставници од 17 земји, дискутираа за прашањата на културното наследство во време на вооружени конфликти, природни и климатски катастрофи, борба против недозволената трговија со културно наследство; улогата на примената на технолошките решенија како АИ и ВР/АР во заштитата на културното наследство и други.

Музејот на македонската борба за самостојност е член на Балканската музејска мрежа и на конференцијата беше претставен од м-р Маја Миноска Павловска со презентација на тема „Анатомија на музејски водич“.

„Запознај, види, направи“ е организирана од Балканската музејска мрежа, со поддрша на Хедли Траст од Велика Британија, (Headley Trust UK) и кофинансирана од програмата Хоризонт на Европската Унија преку проектите АУРОРА и ШИФТ.

Scroll to Top
Skip to content