Табакера

Инвентарен број: И/70 Датирање: 1920 година Материјал: метал Машинска изработка Димензии: должина 9 см; ширина 6 см; длабочина 2 см Табакерата е метална кутија во правоаголна форма што се користела за чување цигари или тутун. Се состои од два дела: долен дел во кој се става тутунот/цигарите и горен дел капак што од едната страна е закачен за долниот дел. На левата и на десната страна на капакот има богата декорација со вегетациски елементи – две тенки гранчиња со издолжени ливчиња. Краевите на разгранетите гранчиња завршуваат со цветни мотиви во форма на лалиња. На средина на капакот има гравирани иницијали, а на рабовите има стилизирни црти. Централно е гравирана 1920 година. На средината на табакерата има мало издигнување за да може полесно да се отвора. На долната страна на капакот има три нитни, а недостига една во левиот агол. Задната надворешна страна е мазна и на неа е гравирана 1920 година.

Табакера

Scroll to Top
Skip to content