Работилницата за борба против недозволената трговија со културни добра

Работилницата на тема „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“ се одржува во следните три дена во Музејот на македонската борба за самостојност.

На отворањето на работилницата се обрати и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Работилницата беше поздравена и од Синиша Шешум и Матео Росати од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа.

Петдневната работилница е во насока на подигнување на свеста и градење капацитети за борба против недозволената трговија со културни добра за различни категории институции и други засегнати страни. Учесници ќе бидат меѓународни и национални експерти, претставници од министерствата за култура и туризам, за правда, за внатрешни работи и од Царинската управа, јавни обвинители и судии, како и музејски професионалци и менаџери на локалитетите.

Проектот „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“ е финансиран од Европската комисија и имплементиран од УНЕСКО преку Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа со седиште во Венеција и Антена во Сараево. Работилницата се одржува од 8 до 10 јули во Музејот на македонската борба и на 11 и 12 јули во Холидеј Ин.

Фотографии: Мартин Кржаловски

Scroll to Top
Skip to content