Промоција на сликовницата „МАКЕДОНКИТЕ ВО БИТКА – ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ“

Сликовницата „МАКЕДОНКИТЕ ВО БИТКА – ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ“, на авторките Ана Вишинова, музејски едукатор, и Даниела Митевска, кустос, e промовирана во Музејот на македонската борба за самостојност во среда, 4 март, со почеток во 12 часот.

Пред голем број присутни колеги и пријатели, говореа в.д. директорката на музејот Анче Илиевска, како и авторките на сликовницата Вишинова и Митевска.

Специјален гостин на промоцијата беше Олја Алексовска, сопран од ФМУ, со уникатна музичка интепретација на „Очи“ од Ацо Шопов.

Изданието е посветено е на македонските жени – ајдутки, комити и партизанки, жени кои никогаш не биле пасивни набљудувачи на историјата, туку активни учесници во борбата за човекови права и слобода. Сликовницата ја става во фокусот нивната улога, која не се сведува само на убавина, истрајност, пркос и храброст, туку способноста да се вклучат во борбата и да влијаат врз клучните цивилизациски процеси.

Сликовницата е инклузивно четиво на македонски и англиски јазик наменето за збогатување на дополнителните материјали за часовите и наставата по историја, и е продолжение на преходните изданија „Зад големата мисла“ (2019) посветена на создавањето на МРО и „Пламен и непокор“ од 2022 година, посветена на Илинденското востание.

Проектот е дел од годишната програма за остварување на националниот интерес во културата на Министерството за култура и туризам за 2025 година.

Фотографии: Страхил Петровски и Фросина Ристовска.

 

Scroll to Top