Потпишан Меморандум за соработка со ЈНУ Институт за национална историја

Меморандум за соработка меѓу НУ Музеј на македонската борба за самостојност и ЈНУ Институт за национална историја беше потпишан на  25 март 2024 година. Меморандумот во името на двете институции го потпишаа в.д. директорката на Музејот на македонската борба, Ана Китановиќ и в.д. директорот на ЈНУ Институт за национална историја, проф. д-р Митко Панов.

Соработката вклучува реализирање заеднички активности и програми за одбележување јубилеи од историското минато, подготовка и објавување заеднички публикации од областа на историската наука и музеологијата, континуирана размена на книги, организирање на конференции, предавања и промоции на изданијата на ЈНУ Институтот за национална историја во Музејот на македонската борба, како и стручна поддршка и усовршување на вработените во двете институции.

Меморандумот за соработка ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на двете институции, а во интерес на националната историја и афирмацијата на културно-историското наследство.

Scroll to Top
Skip to content