Потпишан е Меморандум за соработка со Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“

Музејот на македонската борба за самостојност и Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ од Скопје, на 21 мај потпишаа Меморандум за соработка како проширување на соработката со сродни институции од областа на науката, културата и образованието.
Во името на институциите, Меморандумот го потпишаа в.д. директорката на музејот, Анче Илиевска и деканот на Академијата полк. проф. д-р Ненад Танески.
Документот претставува платформа за меѓуинституционална соработка на теми и проекти од заеднички интерес.
Scroll to Top