Посета на д-р Лина Тахан од Меѓународниот комитет за етички дилеми

Д-р Лина Тахан, претседател на бордот на Меѓународниот комитет за етички дилеми при ИКОМ го посети Музејот на македонската борба за самостојност.

На 10 јуни беше остварена средба со в.д. директорката на Музејот, Анче Илиевска, на која во срдечна атмосфера беа разменети информации за работата на музејот и на Меѓународниот комитет за етички дилеми. На средбата се разговараше и за идеи и конкретни предлози за поблиска соработка во иднина.

Д-р Тахан имаше можности да ја посети постојаната поставка на Музејот на македонската борба за самостојност.

Scroll to Top