Паласка, фишеклија, кутија од месинг

Паласка, фишеклија, кутија од месингИнвентарен број: И/25 Датирање: XIX и XX век Материјал/техника: месинг, рачна изработка, техника на гравирање и исчукување Димензии: 9 х 8 см Паласката е рачно изработена кутија од месинг. Има правоаголна форма, а на средина е издигнат кружен дел во форма на јадро со заоблена кружна декорација. Од него излегуваат четири подебели линии што личат на стебла на дрвја и дијагонално се протегаат до аглите на кутијата. Тие се украсени со декорација во форма на спирала, а страните на секоја линија се украсениа со флорални елементи во форма на листови. Помеѓу стеблата има украси што личат на силуета на човек со приближени нозе и раширени раце. Краевите на кутијата се полузаоблени, украсени со рамка од прави линии. На горниот дел на паласката има тенко метално капаче, а на средина е поставен метален механизам за затворање на кутијата. На долниот дел има додатни делови на кои имало висулци, но недостасуваат кај овој предмет. Декоративните елементи се изработувале со техника на исчукување.

Scroll to Top
Skip to content