Изложба посветена на истакнатата поетеса, есеист, раскажувач и писател за деца, Светлана Христова – Јоциќ, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност на 19 ноември (четврток), со почеток во 19:00 часот.
Автор е Ана Китановиќ, кустос, која преку изложениот материјал ќе потсети на еден богат книжевен живот, за трајната вредност на нејзиниот пишан збор и за авторката која остави длабока трага во македонската литература како претставник на втората генерација македонски поети. Изложбата за првпат пред пошироката јавност ќе ја презентирана официјалната донација на лични предмети од семејството Андреевски, овозможувајќи им на посетителите поблиску да се запознаат со животот и работниот амбиент на истакнатата поетеса.
Светлана Христова-Јоциќ (1937–2012) зад себе остави импресивен опус од над 20 книги. Таа беше долгогодишен новинар и уредник во Радио Скопје, секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија, член на Македонскиот ПЕН-центар, главен уредник на ревијата „Стожер“ и списанието „Портал“, како и иницијатор на значајната меѓународна манифестација „Македонски духовни конаци“.
Изложбата е поддржана во годишната програма од национален интерес на Министерството за култура и туризам за 2026 година, а ќе биде поставена по постојаната поставка на музејот.
