Изложбата за Милка Ефтимова продолжува до 28 јуни

Изложбата посветена на оперската уметница Милка Ефтимова продолжува до 28 јуни.
Изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова, е поставена во Националната опера и балет, како резултат на соработката меѓу двете институции. Отворањето беше на почетокот на манифестацијата Мајски оперски вечери, а публиката добива уште неколку недели можност да ја посети изложбата.
Првично организирана кон крајот на минтатата година во Музејот на македонската борба за самостојност, изложбата содржи предмети и материјали кои Милка Ефтимова ги донираше на музејот. Автор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

 

Scroll to Top
Skip to content