Едукативни работилници Запознај го животот во минатото и На линија на фронтот

Во тек се едукативни работилници наменети за учениците од основните училишта.

ЗАПОЗНАЈ ГО ЖИВОТОТ ВО МИНАТОТО е едукативна работилница во традиционалнаѕа куќичката во музејската поставка, каде учениците имаат прилика да се запознаат со предметите и начинот на живеење на нашите предци во минатото.

НА ЛИНИЈА НА ФРОНТОТ е едукативна музејска работилница за животот на војниците и цивилното население на македонскиот фронт за време на Првата светска војна (1914-1918)

Изминативе денови бевме домаќини на нашите пријатели – учениците и наставниците од ООУ Аврам Писевски и ООУ Кузман Јосифовски- Питу од Скопје.

Наскоро најавуваме и нова интерактивна едукативна работилница: НАЈДИ ГО ОДГОВОРОТ.

Scroll to Top
Skip to content