„Денови на Јустинијан Први“ во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба за самостојност беше отворен Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан Први“, кој од 31 октомври до 2 ноември се одржува во Скопје.

На симпозиумот присуствуваа високи државни и академски личности, меѓу кои Почитуван архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, амбасадорот на Италија, г. Паоло Палминтери, претседателот на Меѓународниот организациски и научен комитет, г. Митко Панов, ко-организаторот г. Џузепе Маино, деканот на Православниот богословски факултет, г. Илче Мицевски Игнат, директорката на Музејот на македонската борба за самостојност, г-ѓа Анче Илиевска, како и академици, професори, истражувачи и студенти од 16 држави. На симпозиумот учествуваат околу 40 научници од 16 земји, кои во шест сесии ќе ги претстават најновите истражувања од областа на византологијата и средновековните студии.

Настанот го организираат Институтот за национална историја при УКИМ и Универзитетот во Болоња, во соработка со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ а со финансиска поддршка од Министерство за култура и туризам.

Традиционален поддржувач на одржувањето на Меѓународниот симпозиум „Денови на Јустинијан Први“ е Музејот на македонската борба за самостојност.

Фотографии: Министерство за култура и туризам

Scroll to Top