Висока делегација од Република Словачка во посета на Музејот на македонската борба

Во рамки на официјалната посета на висока делегација од Република Словачка, музејот го посетија заменик-претседателката на Владата на Република Словачка и министерка за култура, Мартина Шимковичова и министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани.

Гостите беа пречекани од директорката на музејот Анче Илиевска и имаа можност да ја посетат постојаната поставка и одблиску да се запознаат со богатото историско наследство на македонскиот народ на патот до слобода, самостојност и државност во текот на 19 и 20 век.

Водич на делегацијата беше Дарко Трпевски.

Фотографии: Министерство за култура и туризам.

Scroll to Top