Бутин

БутинВлезен број: 142 Датирање: XX век Димензии: обем: 62 см; висина: 88 см; рачка со должина; 12 см Материјал: дрво Техника: рачна изработка Функција: за матење млеко и за добивање маст (путер) Бутинот има конусовидна форма. Направен е од долги штици наредени во круг и стегнати со метални обрачи. На горниот дел има една подолга штичка и служи како рачка. Составен дел на бутинот е ,,маталото“. Тоа е долг стап на чиј долен дел е вметната дрвена плочка на која има неколку дупки за да се мати подобро млекото. Со маталото се правеле вертикални движења и на тој начин се издвојувале масните состојки. Во бутините се матело – биело млеко за да се добијат матеница, биеница и маст (путер). Овој сад се среќава под различни имиња: бутин, битињ, буитк, бутина, бучка. Бутинот е симбол на овчарите. Се користел во обичаите за празникот Ѓурѓовден, со цел да се заштитат овците и млекото и да се обезбеди поголема плодност и млечност.

Scroll to Top
Skip to content