Промовирана публикацијата „Циклус цртежи Мариово 1936 од Борко Лазески“

Публикацијата „Циклус цртежи Мариово 1936 од Борко Лазески“ беше промовирана во НУ Музеј на македонската борба за самостојност во вторник, 24 декември, со почеток во 12 часот.

На промоцијата, која се организираше во соработка со Здружението ИКОН,  пригодни обраќања имаа в.д. директорката на Музејот на македонската борба за самостојност, Анче Илиевска, и Росица Лазеска, претставник на семејството Лазески. Изложен е и дел од оригиналните записи на Лазески, што ќе ѝ овозможи на публиката автентично доживување на неговото уметничко наследство.

Изданието содржи цртежи кои Лазески ги создава во 1936 година, инспириран од неповторливиот пејзаж, традиција и култура на Мариово.  Публикацијата вклучува репродукции на цртежите, критички текстови и историски осврти коишто ја доловуваат вредноста на овие дела како и културно-историскиот контекст во кој се создадени.

Изданието е поддржано од Годишната програма за национален интерес на Министерството за култура и туризам.

Scroll to Top