Делегација на француската амбасада, предводена од амбасадорот Кристофер Ле Риголер, првиот советник и советникот за култура и соработка го посети Музејот на македонската борба за самостојност на 2 април.
Дел од посетата беше средба со в.д. директорката на музејот, Анче Илиевска, и Даниела Николова, кустос советник во музејот, која престојуваше во Париз, преку програмата на француското министерство за култура, „Светски текови“. На средбата се дискутираа можностите за идна соработка со Францускиот институт во Скопје, како и продлабочување на културните и образовните врски.
Фото: Француски институт во Скопје



