Елизабета Марковска, кустос етнолог во НУ Музеј на македонската борба за самостојност, учествуваше на меѓународната конференција „Masquerading: From Ritual to Carnival“, одржана на 15 и 16 октомври 2026 година во Словенечкиот етнографски музеј во Љубљана.
Со излагањето „Маскирани обредни практики во село Беловиште“, засновано на повеќегодишни теренски истражувања, беа претставени локалните особености на василичарското празнување, обредните улоги, маскирањето и неговото значење во животот на селската заедница.
Преку претставувањето на оваа сè уште жива обредна практика, беше даден придонес кон научното проучување и меѓународната афирмација на македонското нематеријално културно наследство.




