Музејот на македонската борба за самостојност учествуваше на Годишната конференција на Мрежата на европски музејски организации НЕМО која се одржа од 11 до 14 октомври во Вилнус, Литванија.
Повеќе од 300 музејски професионалци од четириесетина земји, дебатира и дискутираа на овогодишната тема „Сепак, луѓе – Музеите во ерата на вештачката интелигенција“. Интензивната програма во својот фокус ги постави прашањата за улогата на музеите во време обликувано од вештачката интелигенција и зголемена дигитална ранливост. Тридневната конференција која вклучуваше предавања, дискусии, практични работилниции и размена на искуства, отвори важни прашања за тоа како музеите да ја преиспитаат нивната општествена позиција, да ги зајакнат капацитетите и да ја претворат неизвесноста во можност за активно дејствување. Процесот на технолошка трансформација што ги опфаќа и музеите, мора да остане втемелен во човечките вредности, довербата на јавноста и демократската одговорност. Тоа вклучува и континуитет во посредувањето на толкувањето оспорени вистини, поттикнување критичко размислување, справување со организациските промени и зајакнување на институционалната отпорност, притоа задржувајќи ги највисоките професионални и етички стандарди во своето работење.
Музејот на македонската борба за самостојност е член на европското семејство на музејски организации во мрежата НЕМО од 2017 година, а претставник на конференцијата, беше Маја Миноска-Павловска, советник за меѓунарoдна соработка и комуникации.
Учеството на конференцијата е поддржано во Годишната програма за остварување на националниот интерес на Министерството за култура и туризам за 2026 година.








