Одбележани 123 години од загинувањето на Гоце Делчев

На 4 мај, изминуваат 123 години од загинувањето на Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно и националноослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Во чест на великанот, делегација на Музејот на македонската борба за самостојност во состав Анче Илиевска, в.д. директорка, Коле Кисилиновски, виш документатор и Александар Тодоровски, кустос оддаде почит и положи свежо цвеќе во неговиот вечен дом во Црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Scroll to Top