НУ Музеј на македонската борба за самостојност оствари соработка со НУ Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово.
Претставници од музејот, заедно со библиотекарот Фросина Ристовска, ја посетија тетовската библиотека и се сретнаа со директорот Биназ Пајазити. На средбата беа разменети мислења за идната соработка, како и взаемна размена на публикации со што се збогатуваат библиотечните фондови на двете институции.
Pro captu lectoris habent sua fata libelli. (Ter.Maur.) / За прифаќање од читателот, книгите имаат своја судбина, порачува Фросина Ристовска, библиотекар.





