Во пресрет на велигденските празници, во соработка со учениците од ООУ „Кочо Рацин“, во Порта Македонија успешно беше реализирана едукативна работилница на тема „Традиционално бојадисување на велигденски јајца“.
Под стручно водство на кустос-етнологот Елизабета Марковска и тимот на музејот, учесниците имаа можност да ги истражат традиционалните и современите пристапи кон бојадисувањето на велигденски јајца, при што ја поврзаа културната симболика со личниот креативен израз.
Покрај својата едукативна и уметничка димензија, работилницата придонесе за поттикнување на интересот кај младите за зачувување и негување на традициите, како и за развој на чувството за заедништво и празничен дух.
Изразуваме искрена благодарност до учениците и раководниот тим на ООУ „Кочо Рацин“ за укажаната доверба, поддршката и успешната соработка.










