Учество на Годишната конференција на Балканската музејска мрежа

Музејот беше дел од годишната конференција на Балканската музејска мрежа (Meet, See, Do!) која се одржа од 28 до 29 мај во Загреб, Република Хрватска.

На дводневната конференција, чиј домаќин беше Музејот на Град Загреб, стотина музејски професионалци од Балканот дебатираа на главната тема, Музејските трендови. Преку воведни предавања, панел-дискусии и паралелни работилници учесниците ги разгледуваа клучните музејски предизвици денес, меѓу кои улогата на музеите во современите општества, дигитализацијата, кураторски практики, работата до публиката, заедниците, активизмот и сл.

Учеството на конференцијата е поддржано од годишната програма на Министерството за култура и туризам, а претставник на музејот беше м-р Маја Миноска-Павловска, советник за меќународна соработка и односи со јавноста.

Scroll to Top