Потпишан договор за користење на Порта Македонија за граѓански венчавки

НУ Музеј на македонската борба за самостојност  и Управата за водење на матичните книги ја информира јавноста потпишаа меѓуинституционален договор за користење на свечената сала во објектот Порта Македонија, за организирање на церемонии на венчавање и вршење на соодветните услуги за запишување на брак во матичните книги.

Според договорот, потпишан од Анче Илиевска, в.д. директор на музејот и Фатон Фазлиу, директор на Управата, за реализација на службени венчавки просториите ќе се користат во четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот.

Договорот стапува на сила од 1 јуни 2025 година и ќе трае до 31 декември 2025 година, со можност за продолжување по взаемна согласност на страните.

 

Scroll to Top