Велигденска работилница со учениците од ПСУ Американска гимназија Скопје

Во пресрет на Велигденските празници, тимот на музејот организираше едукативна работилница на тема „Традиционално бојадисување на велигденски јајца“ со учениците од ПСУ Американска гимназија Скопје, која се одржа на 10 април во просториите на Порта Македонија.

Учениците со ентузијазам ја прифатија традицијата на украсување на велигденски јајца, користејќи различни бои, дезени и техники. Водени од Елизабета Марковска, кустос-етнолог и тимот на музејот,  тие ги истражуваа класичните и модерните стилови на бојадисување на јајца, комбинирајќи ја културната симболика со личниот израз.

Работилницата покрај забавната и уметничката активност, отвори прекрасна можност за поврзување на традицијата и споделување на радоста на велигденските празнувања.

Музејот упатува срдечна благодарност до ПСУ Американската гимназија Скопје и проф. Милош Андоновски, академски координатор во училиштето.

 

Scroll to Top