Одбележани 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Денес изминуваат 153 години од раѓањето на Ѓорѓи Николов Делчев (р. 4 февруари 1872, Кукуш-4 мај 1903, Баница) – великан, идеолог, стратег и национален херој, претставник на македонската интелигенција, авангарда која ја одбележа македонската револуционерна борба на крајот од 19. и почетокот 20. век.

Во чест на Делчев, делегација на Музејот на македонската борба за самостојност, предводена од в.д. директорката Анче Илиевска, во состав Илија Василески, Владо Кузмановски, Бојан Трпевски и Дарко Трпевски, положи свежо цвеќе во неговиот вечен дом во црквата Св. Спас во Скопје.

Scroll to Top