ајдутство - првиот помасовен вооружен отпор
против османлиското владеење во македонија
Ајдутството претставува прва помасовна форма на оружен отпор против османлиската власт во Македонија. Посебно е значајна последната фаза на овој отпор кога започнува периодот на национално-ослободителните востанија на Балканот и во Македонија во XIX век. Хронолошки се започнува со Карпош како познат ајдутин и водач на првото поголемо востание во Македонија во 1689 г. – Карпошевото востание. Ајдутите од овој период останале опеани и длабоко врежани во колективната меморија на македонскиот народ како нивни заштитници и инспиратори за натамошни борби. Меѓу нив најистакнати се: Илија Марков Малешевски, Сирма војвода, Румена Војвода, Толе паша и др.



