Музејот на македонската борба за самостојност е дел од Годишната конференција на Европската мрежа на музејски организации НЕМО, којашто се одржува од 10 до 12 ноември во Сибиу, Романија.
Претставник на музејот е Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос историчар, која заедно со колегите од бројни европски музеи и организации, дебатира на годинашната тема на конференцијата „Дали можеме да зборуваме? Музеите соочени со поларизацијата“. Тридневната конференциската програма вклучува и предавања, панел дискусии, трибини, работилници… на кои музејските професионалци имаат можност да ги вкрстат аргументите за новата општествена улога на музеите денес.
Меѓу предизвиците кои се исправаат пред музеите се:
Улогата на музеите во справувањето со поларизацијата: како музеите можат да ги користат своите збирки и програми за да ги премостат општествените поделби и да ги обединат заедниците?
Соочување со политички притисоци: Какви стратегии треба да усвојат музеите во социо-политичките дебати?
Поддршка на недоволно застапените групи: Како можат културните институции да ги претстават недоволно застапените гласови во поларизирачки времиња?
Учеството на конференцијата е поддржано во Годишната програма на Министерството за култура.








