Редовни билети
- Билет за македонски државјани: 100 денари
- Билет за странски државјани: 300 денари
- Билет за организирани групи (македонски државјани): 50 денари
- Билет за организирани групи (странски државјани): 120 денари
Повластени билети
- Пензионери (македонски државјани): 50 денари
- Лица со возраст до 27 години (македонски државјани): 50 денари
- Лица кои до 18 години имале статус на деца без родители (македонски државјани): 50 денари
- Студенти од странство носители на картичка ISIC: 60% попуст
- АМСМ клуб картичка: 50% попуст
* Во цената на билетите е вклучена и стручната презентација на музејската поставка со водич.
Групна посета
Секоја група која брои 10 или повеќе лица со претходно закажување на нашите телефони има можност за купување групни билети за посета на музејот.
Посетата на организирани групи, студенти и ученици, може да се закаже на следните телефони:
- 075 348 741
- 02 3 256 668
контакт лице: Влатко Трајковски
Бесплатен влез:
- СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ ЗА ИНДИВИДУАЛНА ПОСЕТА: СЕКОЈА ПРВА САБОТА ВО МЕСЕЦОТ (согласно Одлуката на УО бр.02-432/4 од 21.9.2020)
- Студенти (индивидуална посета за македонски државјани): секој четврток
- Средношколци (индивидуална посета за македонски државјани): секоја среда
- Деца без родители до 18 години (македонски државјани): секој ден
- Лица од социјално ранливи категории (македонски државјани): секој ден
Потребни документи за идентификација за повластените и бесплатните билети:
- За студенти индекс или студентска легитимација
- За пензионери лична карта
- За лица од ранливи категории потврда од надлежен социјален центар.
Музејска посета
Посетата на музејот може да биде самостојна или со помош на водич. За индивидуална посета на музејот на располагање се текстови за секое музејско одделение и легенди за изложените предмети. Следете ги белите стрелки низ поставката за полесна координација низ изложбените сали. Во делови од музејската поставка постојат места за одмор.
Стручната презентација на музејската поставка може да биде реализирана и со музејски водичи со тура низ галерискиот дел која трае од 45 до 60 минути.
Аудио водич на izi.travel
За индивидуално искуство во посетата на музејската поставка на располагање е инклузивниот водич Минато на дланка на македонски, француски јазик, англиски и украински јазик поставен на бесплатната платформа izi.travel. Преку 13 опишани тактилни предмети поврзани со претставените историски периоди, водичот нуди нов начин на доживување на постојаната поставка за музејските посетители. Преземете ја бесплатната апликација со водичот за Музејот на македонската борба од izi.travel
