Хелебарда

Инвентарен број: И/41 Должина: 172 см; ширина на сечилото: 27 см; должина на сечилото: 30 см Материјал: челик, дрво јута, коноп и кожа Рачна изработка Секира со две сечила, со врв, боцка зацврстена на репарирана рачка со коноп. Хелебардата е пешадиско долго ладно оружје за борба. Горниот дел се состои од копје со широк лист што со полукружно ребро е зацврстен на средина. Металните сечила се симетрични и имаат полукружна форма. Горниот дел на дрвената рачка под металните сечила е обвиен со месинг. Средишниот дел на дрвената рачка е мазен, а долниот дел е обвиен со коноп. Дрвената рачка завршува во метален шилест врв со странична кука.

Хелебарда

Scroll to Top
Skip to content