Музејот на македонската борба за самостојност учествуваше на советувањето на тема „Музеите го обединуваат поделениот свет, што се одржа на 21 мај во Музејот на Македонија, во организација на МНК ИКОМ.
Дел од официјалната програма беше излагањето на тема „Музеите како мостови меѓу световите – Приказната за семејството Шабан“, на колешката Елизабета Марковска, кустос етнолог.
Два наши проекта беа во конкуренција и за наградата музејски проект на годината – „Рацете на традицијата“, на авторката Елизабета Марковска, како и музејската сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“ на авторките Ана Вишинова, едукатор историчар и Даниела Митевска, кустос историчар.
Музејската сликовница „Македонските во битка – вистински приказни“ беше наградена како музејски проект на годината.






