Уредувачки маратон и изложба во чест на Меѓународниот ден на жената, 8 Март

По пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Викимедија МКД во соработка со Музејот на македонската борба, организираше уредувачки маратон на тема „Жените на Македонскиот фронт“.

На настанот учествуваа 12 членови на Вики клубот од гимназијата „Јосип Броз-Тито“ – Скопје  под менторство на професорката по историја Ирена Трајковска Стејровска. Преку презентацијата на едукаторот Ана Вишинова, учесниците имаа прилика да се запознаат со значајни жени од македонската историја претставени во музејската поставка.  Презентацијата послужи како инспирација за учесниците, по што следеше заедничко уредување на статии поврзани со темата.

Резултатот од овој уредувачки маратон е 10 новосоздадени статии на Википедија. Ова претставува уште еден значаен чекор кон збогатување на слободното знаење и зголемување на видливоста на жените во историјата.

Во чест на 8 Март, музејот постави изложба за македонските хероини од  времето на национално-револуционерниот период  и истакнати жени вклучени во  Народноослободителната борба. Овие наши хероини со различна вера и народност преку борбата за слобода се бореле и за афирмација, слободно делување, одлучување и целосна еманципација.

Изложбата е поставена во холот на Музејот на македонската борба и ќе може да се посети од 7 до 9 март.

 

Scroll to Top