Секира

Инвентарен број: И/43 Должина: 50 см Ширина на сечилото: 19,2 см Кожен додаток: 15 см Материјал: месинг, дрво и камен Рачна изработка Секирата е орудие што спаѓа во групата ладно оружје. Се состои од метално сечило и дрвена дршка. Во горниот дел металното сечило е издигнато под прав агол и завршува во издигнат шилест врв. Горниот и средишниот дел на дрвената дршка под сечилото се обвиени со кожа и богато се украсени со декоративни елементи – прстени изработени од месинг и камења во сина и темнокафеава боја. На долниот дел на дршката има спирални проширувања и таа завршува со стилизиран издигнат дел. На врвот на дршката над сечилото се забележува идентичен стилизиран издигнат дел. На долниот дел на дршката е закачена метална алка со кожен додаток. Според димензиите, станува збор за кратка секира.

Секира

Scroll to Top
Skip to content