Свечена академија во чест на Св. Климент

На 7 декември, во пресрет на празникот посветен на Св. Климент, во НУ Музејот на македонската борба за самостојност се одржа традиционалната Светиклиментова свечена академија. Поздравни обраќања имаа Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, која беше и покровител на Академијата, како и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Централната свечена беседа ја одржа проф. д-р Венко Андоновски.

Во преполната свечена сала на Музејот присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, бројни министри, пратеници, градоначалници, академици, претставници на другите цркви и верски заедници и други гости.

Свеченоста беше збогатена со настап на хорот „Свети Климент Охридски“, под уметничко раководство на диригентот г. Панче Јосифов.

Фотографија: Кабинет на претседателката на Република Македонија

Scroll to Top