Реализиран проектот „Превентивни заштитни мерки на дониран музејски материјал“

НУ Музеј на македонската борба за самостојност успешно го реализираше проектот „Превентивни заштитни мерки на дониран музејски материјал“.

Фокусот на проектот беше ставен на превентивната заштита на предметите донирани од потомците на македонскиот револуционер Никола Карев. Овие експонати поседуваат исклучителна историска, документарна и културна вредност и претставуваат значајни материјални сведоштва за семејното наследство и македонската историја. Преку спроведените мерки се обезбедија соодветни услови за нивно безбедно чување и долгорочна заштита.

Координатори на проектот се Елизабета Марковска, кустос етнолог и м-р Страхил Петровски, советник конзерватор за метал и дрво.

Со оваа активност, музејот дава значаен придонес во стручната грижа и зачувувањето на националното културно наследство.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам, во рамките на Годишната програма за 2026 година.

Scroll to Top