Работилница со учениците од Основното училиште „Иднина“

Едукативните работилници од програмата „Запознај го животот во минатото“ продолжуваат во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Оваа недела бевме домаќини на учениците од Основното училиште со ресурсен центар “Иднина“ – Скопје. Во пријатна атмосфера во музејската поставка тие се запознаа со животот на луѓето во минатото. Откако им беа презентирани предметите во етно куќичката, тие имаа можност креативно да се изразат и забавуваат со тематските боенки.

Scroll to Top