Промовирана манифестацијата „Град на културата 2024“

Манифестацијата „Град на културата 2024“  која годинава ќе се одржува во Крива Паланка, беше промовирана на 6 март во Музејот на македонската борба за самостојност.

Крива Паланка е град на културата во 2024 година со поддршка на Министерството за култура кое го препозна потенцијалот на градот преку издржана, атрактивна и креативна програма со разновидни содржини и учество на истакнати домашни и странски уметници. На промоцијата се  обратија министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

На прес конференцијата беше презентирана богатата програма што ќе се реализира во рамки на „Град на културата 2024“ која вклучува  повеќе од 50 настани од различни области како концерти, класична, џез и популарна музика, театарски претстави, ликовни изложби и манифестации, книжевни вечери, фолклор, традиционални и современи уметнички изрази.

Програмата ќе се реализира во период од март до декември 2024 година.

Scroll to Top
Skip to content