Проекти од национален интерес во културата за 2025 година

На годишниот конкурс на Министерството за култура за 2025 година за проекти од национален интерес, НУ Музеј на македонската борба за самостојност доби поддршка за проекти од областа на музејската дејност, меѓународната дејност и од областа на европските интеграции.

Од областа музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство:

  • Превентивна заштита и итни конзерваторски мерки на дрвени предмети од постојаната музејска поставка.
  • Едукативен проект за деца и возрасни, со и без попреченост: „Патувачки куфер на минатото“.
  • Дигитализација на музејски предмети од збирката „Македонија во Втората светска војна“.
  • Музејска сликовница.
  • Истражување на делата од Борко Лазески во контекст на борбата за независност на македонскиот народ“.
  • Изложба на тема „Од чета до армија“.
  • Музејска сувенирница.

Од областа европски интеграции:

  • Учество на годишна конференција на Мрежата на европски музејски организации НЕМО во 2025
  • Годишна членарина за членство во европската професионална мрежа НЕМО

Од областа на меѓународна дејност:

  • Учество на годишна конференција на Балканската музејска мрежа во 2025 година.
Scroll to Top