Потпишан Меморандум за соработка со Здружението на просветни работници на Град Скопје

На 5 февруари 2025 година беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Музејот на македонската борба за самостојност и Здружението на просветни работници на Град Скопје.

Овој документ е рамка за соработка меѓу двете организации на заеднички настани, особено промоција на настани од едукациски и културен карактер.

Меморандумот беше потпишан од в.д. директорката на музејот, Анче Илиевска и претседателката на Здружението Катерина Митковска.

Scroll to Top