Потпишан Меморандум за соработка меѓу Музејот на македонската борба за самостојност и Спомен куќата на Мајка Тереза

На 5 март 2024, во Музејот на македонската борба за самостојност беше потпишан Меморандум за соработка со НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје за реализација на заеднички проекти, изложби и активности, како и збогатување на културни содржини за граѓаните и туристите кои претстојуваат во Скопје.

Меморандумот беше потпишан од страна на в.д. директорката на НУ Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје, Ана Китановиќ и в.д. директорката на  НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, Соња Кузмановска.

Scroll to Top
Skip to content