Потпишан Меморандум за соработка меѓу Музејот на македонската борба за самостојност и Градскиот музеј од Крива Паланка

На 6 март 2024, во Музејот на македонската борба за самостојност беше потпишан Меморандум за соработка со ЛУ Градски музеј од Крива Паланка за заеднички проекти, изложби и активности, како и збогатување на културни содржини за граѓаните.

Меморандумот беше потпишан од страна на в.д. директорката на НУ Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје, Ана Китановиќ и директорот на ЛУ Градски музеј на Крива Паланка, Драган Величковски.

Крива Паланка е Град на културата за 2024 година, прогласен од Министерството за култура.

Scroll to Top
Skip to content