Поставена изложбата „Жена“ на Историскиот архив од Ниш

Изложбата на фотографии „Жена“ на Историскиот архив од Ниш, Република Србија е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност.

Изложбата е во организација на Српскиот кулурно-информативен центар „Спона“ од Скопје и опфаќа фотографии во чиј фокус е улогата на жената во социолошко-општествените прилики во Ниш и неговата околина почнувајќи од раниот 20.век, преку индустријализацијата до периодот на социјализмот. Автори на изложбата се Бобан Јанковиќ и Бојана Дашиќ, а македонската публика ќе може да ја погледне до 15 мај.

Изложбата е отворена на 10 мај со пригодни обраќања на директорката на Историскиот архив од Ниш, Снежана Радовиќ в.д. директорката на Музејот на македонската борба за самостојност Ана Китановиќ и Амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ.

Scroll to Top
Skip to content